top of page
КАКО ДА НАРАЧАМ ONLINE?
Купувањето на производите може да го направите на брз, едноставен и безбеден начин. Системот за online купување во нашата интернет продавница е достапен 24 часа. Доколку Ви е потребна дополнителна помош за да направите нарачка на овој начин, слободно контактирајте не!
Ако не сте во можност или немате доволно време за да ги нарачате производите преку системот на нашата интернет продавница, ние Ви даваме можност нарачката да ја направите на телефонскиот број 02/3097193, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот и преку email на e-store@tehnokomerc.com.mk или порака на нашата страница на Facebook, секој ден од 0 до 24 часот. Доколку одлучите Вашата нарачка да ја направите преку телефон, e-mail или порака на Facebook, покрај информации за производите кои сакате да ги нарачате и начинот на плаќање, потребно е да ни оставите и Ваши податоци - име и презиме, адреса, e-mail адреса и телефонски број за контакт. На Вашата e-mail адреса ќе добите потврда дека Вашата нарачака е направена, со информации за производите и податоци кои Ви се потребни (за нарачките направени преку телефон, email или преку порака на Facebook, поради заштита на Вашите лични податоци, плаќањето со платежна картичка не е достапно)
ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на производите можете да го извршите на неколку начини:
1. Банкарски трансфер
Плаќањето може да го извршите со образец ПП 10 (налог за готовинско плаќање) или со образец ПП 30 (налог за безготовинско плаќање).
2. Платежна картица (достапно само online или во протажните објекти)
Потребно е да се внесат сите барани податоци или преку банкарски трансфер. Инструкции за плаќањето ќе Ви бидат посочени во текот на нарачката, независно која опција ќе ја одберете. При плаќањето со картичка го користиме Casys системот на Комерцијална Банка АД Скопје, а страната е поставена на сервер со SSL сертификат. Сите податоци кои ќе бидат внесени се целосно безбедни!
3. Со откупнина
односно при доставата на робата го плаќате износот согласно нарачката плус:
- за износ на повратен откуп до 3.000 ден без ДДВ - провизија 30 ден
- за износ на повратен откуп од 3.001-6.000 ден без ДДВ - провизија 60 ден
- за износ на повратен откуп над 6.001 ден без ДДВ - 1% (еден процент) од вредност на откупот
ЦЕНИ
Цените на наведените производи во online продавницата се изразени во денари со вклучен ДДВ од 18%. Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.
ДОСТАВА И ТРОШОК НА ДОСТАВА
Купените производи во зависност од опцијата можете да ги превземете лично од едно од нашите продажни места или да Ви бидат доставени на врата преку курирска пошта. Трошокот на достава ќе зависи од вредноста на купената роба.
-
За производи чија вреднос е под 3.000,00 ден со вклучен ДДВ трошокот на достава изнесува 177,00 ден;
-
За производи чија вредност е над 3.000,00 ден со вклучен ДДВ трошокот на достава е безплатен;
Напомена:
-
Испораката на производите во цела Северна Македонија се извршува во рок од 1 до 5 работни денови од денот кога ќе добиеме потврда од банката за извршено успешно плаќање на нарачката
-
Во роковите не се засметуваат: неделите, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои ние не одговараме.
-
Доколку претставникот на компанијата за испорака не успее да го најде примачот на наведената адреса за испорака или на телефонскиот број за контакт кој е наведен при самата нарачка, на наведената адреса за испорака ќе биде оставена писмена информација за направениот обид со контакт информации од испорачувачот или повторно ќе биде контактиран по телефон од страна на операторот за достава на пратки.
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА
-
Кога правите нарачка на страната на stop-go.com.mk или tehnokomerc.com.mk Вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ во интернет продавницата, а што е предмет на овие Услови за користење;
-
Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека Вашата нарачка е успешно примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел Вие да имате потврда дека Вашата нарачка е примена;
-
Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, износот целосно ќе биде рефундиран на корисникот.
-
Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално
Како да нарачам?
Плаќање
Цени
Достава
Услови на користење
Рефундирање
Приватност
Работно време
bottom of page