LASSA - ГАРАНЦИЈА ПРИ ШТЕТА

LASSA - ГАРАНЦИЈА ПРИ ШТЕТА е гаранција која ја издава Stop&Go при купување и монтажа на 4 Lassa гуми во салоните на Stop&Go.

Гаранцијата важи за возила кои се користат за лична употреба од физички и правни лица, но не важи за возила кои што се дел од флоти на возила или пак се користат комерцијално за рент-а-кар или такси превоз.

Исто така не важи за возила кои што се користат целосно или делумно во професионални или аматерски мототрки и други автомобилски спортови, како и при користење на off-road патеки, неасфалтирани патишта.

Гаранцијата е со времетраење од 1 година од купувањето на гумите и се однесува на сите наведени Lassa модели на гуми за патнички и СУВ (4x4) возила:

летни патнички и СУВ (4x4) гуми:

Greenways, Driveways, Driveways Sport, Competus H/P, Competus H/P2, Competus H/L

зимски патнички и СУВ (4x4) гуми:

Snoways 3, Snoways 4, Competus Winter 2

патнички гуми за сите сезони:

Multiways

Доколку во рок од 1 година ненамерно оштетите 1 гума од купените и монтирани 4 гуми, како во случај при удар во тротоар или пак непоправлива штета од шајки, штрафови, а притоа длабочината на нагазнатата површина (шара) на гумата да не е помала од 5mm (милиметри), добивате 1 нова гума како замена за оштетената.

Гаранцијата престанува да важи по истекување на 1 година (12 месеци) од купувањето на гумите или пак при длабочина на нагазната површина (шара) на гумата помала од 5mm, зависно од тоа што ќе настане прво, на гумата што е оштетена.

Гаранцијата може да се искористи еднаш, за 1 гума, и по искористувањето престанува да важи и ќе биде соодветно поништена од персоналот во Stop&Go.

Гаранцијата не може да се искористи доколку гумите не се правилно користени, несоодветно на годишните времиња/сезони.

Гаранцијата може да се искористи само доколку на овој гарантен лист има прикачено соодветна фискална сметка/фактура, како и печат од Технкомерц АД Скопје и потпис на вработен.

Stop&Go e во сопственост и бренд на Технокомерц АД Скопје. Технокомерц АД Скопје го издава овој гарантен лист и ги презема сите обврски и права кои се однесуваат на истиот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ГАРАНЦИЈАТА СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

НА ВЕБ СТРАНАТА НА STOP&GO - WWW.STOP-GO.COM.MK ИЛИ ВО САЛОНИТЕ НА STOP&GO,

СО ВПИШУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СМЕТКОПОТВРДАТА/ФАКТУРАТА - ПРИМЕР: 2-104/20XXXX