Tyre Plus - Гума плус е гаранција која ја издава Stop&Go во времетраење од 1 (една) година, од купувањето на гумите.
Гаранцијата се добива и важи при купување и монтажа на 4 (четири) гуми од брендот Hankook за патнички возила, СУВ возила и полутоварни возила (Ц), летни или зимски и од било која димензија, со исклучок на RunFlat гуми.
Со купени и монтирани 4 (четири) гуми од Hankook ја стекнувате оваа гаранција, со која доколку во рок од 1 (една) година, на било каков начин ненамерно оштетите 1 (една) гума од 4 (четирите) купени, добивате нова гума, како замена за оштетената.
Гаранцијата може да се искористи доколку гумата не можe да се поправи како што е во случаи на:
- механичко оштетување при удар во тротоар или друга препрека
- дупчење/скинување кое не може да се поправи
и доколку:
- не е намерно оштетена
- длабочината на шарата е поголема од 1,6 мм
- правилно е користена
- има гарантен лист и фискална сметка/фактура
Гаранцијата може да се издава на физички и правни лица, на возила за лична употреба и сопствени деловни потреби, но не и за возила за јавна употреба, како што се такси возилата. Монтажата на гумите се извршува во Stop&Go.
НАПОМЕНА: По искористувањето на TyrePlus - ГумаПлус гаранцијата истата престанува да важи, т.е може да се искористи еднаш.
Соодветно ќе биде поништена од персоналот во салонот на Stop&Go. Фабричката гаранција продолжува да важи до нејзиниот рок.
За гаранцијата да биде валидна потребно е да има печат за TyrePlus гаранција.
Stop&Go e во сопственост и бренд на Технокомерц АД Скопје. Технокомерц АД Скопје го издава овој гарантен лист и ги презема сите обврски и права кои се однесуваат на истиот.