top of page

Маркетинг асистент
Технокомерц АД Скопје вработува 1 (еден) Маркетинг асистент, кој ќе се вклучи во работни активности поврзани со маркетинг и продажба на производи кои ги нуди компанијата. Во портфолиото на компанијата влегуваат производи од градежна механизација и опрема, камиони, патнички и камионски гуми и други производи наменети за возила од различен вид.
- Полно работно време
- Локација: Скопје, Момин поток
Потребни квалификации и особини
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност, но не е задолжително
- Високо ниво на компјутерска писменост со интерес за постојана надградба
- Високо ниво на владеење на Англиски јазик (пишување и зборење)
- Способност за работа во динамична средина, и флексибилност во работата
- Позитивен пристап и размислување за сите можни предизвици
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Проактивност и желба за споделување на идеи и размисли за работата и работните активности
- Одговорност и способност за менаџирање на своите работни задачи
Работни активности
- Извршување на активности поврзани со маркетинг, промоција и потикнување на продажба на производите
- Асистенција при планирање на маркетинг активности
- Асистенција при управување на дигиталните платформи и комуникациски канали на компанијата, социјални мрежи и сл.
- Асистенција при пред и пост продажна поддршка за потрошувачи
- Други активности кои што произлегуваат и се поврзани со маркетингот
bottom of page