top of page
СМЕТКОВОДИТЕЛ.jpg

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Технокомерц АД Скопје има потреба од двајца (2) вработени во секторот на Сметководство во делот на материјално и финансиско работење.
- Полно работно време од 07:30 до 15:30, од понеделник до петок
- Локација: Скопје, Бул. 8-ми Септември бр. 42


Потребни квалификации и особини


- Работно искуство како сметководител
- Високо ниво на компјутерска писменост
- Организираност и педантност
- Способност за работа во динамична средина, и флексибилност во работата
- Позитивен пристап и размислување за сите можни предизвици
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Одговорност и способност за менаџирање на своите работни задачи

Работни активности

Извршување на активности поврзани со материјално и финансиско сметководство како што се обработка и книжење на  изводи од жиро сметки, фактури за реализација, трошоци по видови и места, водење на главна книга на двојно сметководство на синтетика и аналитика по РЕ,  усогласување на синтетика и аналитика  и други активности дадени од страна на Раководителот на сметководство.

bottom of page